Џон Оби Микел заминал од Трабзон, незадоволен што во турското првенство се уште се играат натпревари. Поранешниот играч на Челси не сакал да игра под такви околности и во договор со клубот го напуштил Транзон.
„Животот е поважен од фудбалот“, напишал Нигериецот на „Инстаграм“ и дополнил.
„Не се чувствувам комфорно и не сакам во ваква ситуација да играм фудбал. Во вакви критични моменти сите треба да бидат со семејствата. Сезоната треба да биде откажана“.
Турција е една од ретките држави во светот каде се уште се игра фудбал и кошарка, шампионатите не се прекинати.
Од коронавирусот во целиот свет заразени се околу 220.000 луѓе, а починале околу 8.000.