Јирген Клоп тренерот на Ливерпул дал дозвола шестмина фудбалери да го напуштат клубот во летниот преоден рок. Веќе е познато дека Адам Лалана, како слободен играч ќе замине од „Енфилд“.
Останатите петмина, слично како и Лалана, оваа сезона мечевите на Ливерпул најчесно ги гледаат од клупата за резерви или од трибините.
Клоп за наредната сезона не смета на Дејан Ловерен, Џердан Шачири, Дивок Ориги, Натениел Клајн, Наби Кејта и Лорис Кариус која како позајмен играч сезонава е во Бешикташ.