Откако УЕФА го одложи Европското првенство за 2021 година, на националните Сојузи е да донесат решенија како ќе ги завршат шампионите.
„Газета дело Спорт“ во своето денешно издание објави три датуми кога би можеле да продолжат натпреварите во Серија А.
До крајот на сезоната во Серија А останаа уште 13 кола. Поради коронавирусот во Италија првенството е прекинато на 9 март.
„Газета дело спорт“ пишува дека Фудбалскиот сојуз на Италија ги разгледува 2, 9 и 16 мај како можно датуми за продолжување на сезоната.
Секако, што и да решат, дали одлуката ќе биде спроведена ќе зависи и од тоа дали Италија ќе се оправи од коронавирусот. Јасно е дека на почетокот натпреварите би се играле без публика.
Исто така, УЕФА, побарала од националните Сојузи да ги завршат првенствата до 30 јуни, односно да не влегуваат во јули, бидејќи на многу играчи договорите им истекуваат во јуни. УЕФА сака да избегне потенцијален проблем, односно не сака ситуација во која фудбалери без договор би настапувале за клубовите.