Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ (29) кариерата би можел да ја продолжи во Премиер лигата.
Италијанските медиуми изминатите денови пишуваат дека Јувентус се подготвени да го продадат Пјаниќ, кој сезонава не игра на потребното ниво.
Пјаниќ уште од минатот лето се поврзува со Пари Сен Жермен, а медиумите во Италија тврдат дека покрај „светците“ интерес за него покажува и клуб од Премиер лигата.
Наводно, Челси сакале да го донесат Пјаниќ. За неговите услуги „сините“ биле подготвени да платат 60 милиони евра.