Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито поставил долна сума под која не би го продал Сергеј Милинковиќ-Савиќ, додека Пари Сен-Жермен, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид не го кријат интересот за Србинот.
Според „Тутомеркатовеб“, популарниот СМС нема да биде пуштен за сума од под 120 милиони евра откако имаше одлична сезона на „Олимпико“, по релативно разочарувачката 2018/19. 25-годишниот Милинковиќ-Савиќ има постигнато 5 гола и додадено 7 асистенции во 31 меч оваа сезона, предводејќи ги Лацио до трофеј од Суперкупот и до второ место на табелата пред прекинувањето на Серија А поради корона вирусот.
Ако Лацио направи супер-изненадување и го освои скудетото, цената на СМС сигурно ќе оди нагоре.