Top Sport

Баерн ќе добијат попуст за Перишиќ

Интер нема намера да го врати Иван Перишиќ. Хрватот од почетокот на сезоната како позајмен играч настапува во Баерн Минхен. Клубовите имаат договор според кој Баерн можат да го откупат договорот на Перишиќ за 20 милиони евра.

Од почетокот на сезоната Перишиќ за Баерн одиграл 22 натпреври, постигнал пет гола и забележал осум асистенции.

Тој од почетокот на февруари не игра поради повредата на скочниот зглоб, меѓутоа во Минхен се задоволни од него и имале намера да го откупат неговиот договор.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Баварците ќе добијат попуст само за да го купат Перишиќ. Интер биле подготвени да ја намалат цената за 25 отсто, односно Баерн можат да го добијат Перишиќ за 15 милиони евра.

Scroll to Top