Барселона се подготвени да го продадат Иван Ракитиќ во текот на летото, откако шпекулациите го поврзуваа Хрватот со враќање во Севилја, но неговата цена останува на 20 милиони евра.
Ракитиќ има договор со клубот од „Ноу Камп“ до 2021 година, но го загуби местото во стартниот состав оваа сезона, и имаше само 15 старта и вкупно 31 настапи и досега нема постигнато гол. Френки де Јонг, Серхио Бускетс и Артуро Видал имаат поголема улога во тимот и 32-годишниот Ракитиќ повторно е поврзуван со враќање во Севилја, од каде што дојде пред шест години за 18 милиони евра.
Манчестер јунајтед и Интер исто така се заинтересирани за искусниот Хрват, но тој е поврзан со Севилја од каде е неговата сопруга, и каде што беше миленик на навивачите.