Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Фернандез загубил постар член на неговото семејство од корона вирусот, откако токму во Шпанија се забележува најголем раст на бројот на оболените од заразата.
Неговиот помлад брат Алекс Фернандез, кој игра за Кадиз, откри дека сите во семејството се во тага.
„Сите поминуваме низ истото и ситуацијата е многу болна. Имаме поддршка меѓу нас во семејството. Во Мадрид има луѓе од моето семејство кои се позитивни на корона вирусот, а еден постар член веќе почина. Никогаш не си подготвен за такво нешто, невозможно е помислиш“, изјави Алекс Фернандез за локалниот весник „Диарио де Кадиз“.