Немања Матиќ го загубил интересот за трансфер во Милан бидејќи хрватската легенда на клубот Звонимир Бобан беше ослободен од своите обврски по конфликтот со генералниот директор Иван Газидис, тврди „Калчомеркато“.
Манчестер јунајтед наводно веќе ја искористиле опцијата во неговиот договор да го заддржат српскиот фудбалер од средниот ред уште една сезона на „Олд Трафорд“, иако и во јануарскиот преоден рок се сметаше дека тој ќе направи трансфер во Италија.
„Росонерите“ не го криеја интересот за Матиќ, но тој целосно ја загубил довербата во тимот откако Бобан, кој дојде од УЕФА во својот поранешен клуб со големи амбиции, влезе во конфликт со Газидис околу насоката во која се движи поранешниот европски гигант и беше ослободен од обврските.