Еден Азар сепак ќе го продолжи договорот со Челси. Како што изјавил потписот на новиот договор ќе го стави откако тоа ќе го направи голманот Тибо Куртоа.
Најдобриот играч на Челси изминатите месеци е една од главните теми во англиските медиуми, бидејќи одбиваше да го продолжи договорот со Челси. Медиумите шпекулираа дека негова желба е да го облече дресот на Реал. Покрај Азар медиумите со трансфер во „кралскиот клуб“ го поврза и голманот Тибо Куртоа.
Азар потврдно одговорил на прашањето на „Мирор фудбал“ дали ќе го продолжи договорот со Челси.
„Мислам дека Тибо тоа ќе го направи прв, потоа ќе потпишам јас“, рекол Азар.