Американскиот плејмејкер Патрик Милер го заврши својот престој во Партизан и кариерата ќе ја продолжи во Турција, а во Белград ќе пристигне 24-годишниот центар Иван Маринковиќ, кој пред неколку сезони играше за МЗТ.
Познатиот кошаркарски новинар Дејвид Пик на „Твитер“ објави дека Маринковиќ се враќа во Партизан и дека Милер за обесштетување од 100.000 евра ќе се пресели во екипата на Газијантеп.
Sources on Partizan Belgrade: Guard Patrick Miller has left to Gaziantep for $100K out fee. Yesilgiresun center Ivan Marinkovic is en route back to Serbia.
— David Pick (@IAmDPick) January 11, 2018
Маринковиќ кариерата ја започна во Партизан (2011-2013), потоа играш за МЗТ и Задар, а сезоната ја започна во Јисилгиресун.