Прославениот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер кој една година играше за Чикаго е слободен играч откако заврши сезоната во МЛС лигата, не решил дали ќе ја продолжи кариерата, но и покрај тоа речиси секојдневно добива понуди од други тимови.
Изминатите денови тј добил понуда од клуб за кој веројатни и не знаел дека воопшто постои.
Станува збор за нисколигашот од Хале, СГ Бун, кој преку својот портпарол испратил понуда до 33-годишниот фудбалер.
„Сакаме да ти понудиме место во СГ Бун од хале. Овде ќе имаш мир, ќе ти ги обезбедиме најдобрите услови, а секако дека ќе најдеме место во локалниот тениски клуб и за твојата сопруга Ана Ивановиќ. Не сме баш екипа која може да игра во Лигата на шампионите, патот до таму е тежок, но со тебе се е можно. Нашите фудбалери се големи фанови и со задоволство би играле со тебе“, напишал во писмото портпаролот Саша Гербер.
„Имаме посебна понуда за тебе. По тренинзите и натпрварите „батериите“ ќе можеш да ги полниш со 20 видиви на пиво. Бргу ќе го засакаш градот, а тука е и фрабриката за чоколадо. На крајот и стадионот може да го носи твоето име. Очекуваме да се јавиш“, стои на крајот од писмото.
Швајнштајгер е поранешен играч на Баерн и Манчестер јунајтед. Во кариерата ги освоил Лигата на шампионите и светското првенство.