Англискиот шампион Челси побара да се изземе одлуката на локалниот совет за престанок на работите на проширувањето на „Стемфорд бриџ“, влегувајќи во легална битка со семејството Кроствејт.
Планот на Роман Абрамович налета на пречка од семејството кое поседува мала дрвена куќичка во близината на стадионот, иако прво локалната власт дозволи да се сруши стадионот од 41.000 седишта за да се изгради поголема арена со капацитет од 60.000. Семејството Кроствајт вели дека има „право на светлина“, кое новиот стадион ќе го наруши.
„Постои ризик изградбата воопшто да не започне доколку се земе во предвид оваа забелешка“, се вели во писмото на Челси, со кое се бара советот да го преземе правото на користење на просторот.
Со изградбата, би се донеле 22 милиони фунти инвестиции во Хамерсмит и Фулам заедницата, плус уште пари кога би се одржувале натпреварите.