Додека траат преговорите околу планот со кој да се заврши сезоната во Премиер лигата, дури и извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд се согласува дека нема да биде фер Ливерпул да не ја добијат својата прва титула по 30 години.
Поради корона вирусот, Премиер лигата е во прекин најмалку до 30 април, а според „Атлетик“, Вудворд се согласува со планот да се комплетира цела сезона, дури и тоа да значи да се „оддолжи“ до септември или октомври.
Со 25 поени предност на врвот на табелата, Ливерпул е на дофат до титулата, но тоа очигледно не им пречи на лидерите на нивните најлути ривали, иако дел од фановите не би се согласиле со тоа. Јунајтед пак, очекуваат да обезбедат топ 4 пласман и враќање во Лигата на шампионите. Според „Атлантик“, Вудворд бил „многу фер“ кон ривалите од Ливерпул посочувајќи дека ако сезоната не се заврши, клубовите ќе мораат да платат отштета на носителите на ТВ-правата, што нема да биде добро за ниту еден клуб.