Top Sport

Гигс прв фаворит за велшката клупа

Легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс веќе разговарал да го пополни испразнетото место на клупата на велшката репрезентација, тврди „Скај спортс“.

44-годишниот Гигс сега работи како ТВ-коментатор откако си замина од „Олд Трафорд“ по доаѓањето на Жозе Мурињо, бидејќи претходно работеше како помошник на Луис ван Гал. Гигс, кој има 64 настапи за Велс, не криеше дека би сакал да го замени Крис Колмен на позицијата.

Колмен ги однесе Велшаните до историско полуфинале на Евро 2016 година, но си замина во ноември откако не успеаја да се квалификуваат за Светското првенство во Русија. 47-годишниот Колмен потоа стана тренер на Сандерленд во втората англиска лига.

„Ги знам играчите и го знам системот. Имаме играч од светска класа како Герет Бејл, некои одлични играчи под него, и уште многу талентирани млади играчи како Итан Ампаду и Бен Вудбурн. Тоа би било совршена работа“, изјави минатиот месец Гигс.

Scroll to Top