Исланд и Белорусија забележаа победи во премиерните натпревари на Европското првенство кое денес започна во Хрватска.
Исланд, во А-групата во Сплит, во скандинавската пресметка ја победи Шведска 26:24 (15:8).
Исланѓаните со фуриозна игра во првите 40 минути успеаја да го изненадат фаворитот. Исланд по првите осум минути водеше 6:1, по 20 минути игра разликата беше девет голови, а на полувреме Палмарсон и друштвто водеа 15:8.
Дека Исланд ќе стартува со победа беше јасно по 40 минути игра кога разликата беше двоцифрена.
?? @ArnorGunnarsson from @HSI_Iceland helps his team to take the lead on the match against @hlandslaget.
#ehfeuro2018#hypnoticgame #SWEISL pic.twitter.com/hJ6zSIaOVf— EHF EURO (@EHFEURO) January 12, 2018
Гудмонсон со седум гола беше најефикасен во редовите на Исланд, а тројва играчи (Сигурдсон, Карасон и Гунарсон) постигнаа по пет гола. Најефикасен Швеѓанец со шест гола беше Годфритсон.
Шведска по серијата 6:0 успеа да се врати во мечот (22:18), во 55.минута беше 23:20, но Швеѓаните немаа ниту енергија ниту време да изборат барем реми.
Натпреварите во Б-групата започнаа со триумф на Белорусија. Белорусите во неизвесен меч ја победија Австрија 27:26 (14:12).
фото/http://cro2018.ehf-euro.com