Top Sport

Ферари му понудиле нов договор на Фетел, но со „скратена“ плата

Италијанските медиуми тврдат дека Ферари му понудиле едногодишно продолжување на договорот на Себастијан Фетел, со кој Германецот би останал во тимот и во 2021 година, но дека за тоа ќе треба да прифати намалување на платата.

Четирикратниот шампион имаше една од најслабите сезони во кариерата во 2019, со само една победа и две пол-позиции, во споредба со колегата Шарл Леклер (кој има договор до 2024), кој победи двапати и освои дури седум пол-позиции.

Според „Скај спорт Италија“, договорот на Фетел во моментов тежи 33 милиони евра годишно, но ако се согласи на останување, не се знае колку од платата ќе биде скратена. Според нив, во Ферари веќе не сметаат дека Фетел е сигурен во лидерската позиција во тимот по одличните резултати на Леклер.

Scroll to Top