Македонскиот селектор, Раул Гонзалес нормално беше задоволен од првата победа на Македонија на Европското првенство во Хрватска, по драматичниот триумф над Словенија од 25:24.
„За нас ова е многу важна победа, два бода и сега треба да продолжиме исто така против Црна Гора. Одиме натпревар по натпревар, но навистина сум презадоволен од моите играчи кои победија трет тим на светот, што не е мал подвиг“, изјави Гонзалес.
Од друга страна, селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, не можеше да не забележи на однесувањето на германската судиска двојка.
„Некои чудни интерпретации на правилата на судиите, но тоа е тоа. Тешко е да се крене тимот по ваков пораз, но сега одиме понатаму на нови победи. Честитки за Македонија за победата“, изјави Вујовиќ.