Top Sport

Фановите на Рома контра претседателот: Не ни треба нов стадион

Дел од навивачите на Рома поставија навредливи банери за претседателот Џејмс Палота, инсистирајќи дека не им е потребен нов стадион.

Палота најави градење на „Стадио дела Рома“, за што доби зелено светло од локалните власти, а изградбата би требало да почне наскоро, меѓутоа дел од коментарите на Палота не „легнаа“ добро кај навивачите.

„Трошиме премногу време на одлуките како какви безбедносни мерки треба да бидат донесени, дали треба да има систем за препознавање на лицето. Дали сте гледале меч во Италија? Знаете како изгледа дербито меѓу Рома и Лацио? На северот на Италија не се тепаат многу, но во Рим и Неапол безбедносните проблеми се огромни“, изјави Палота.

По ова, во текот на викендот се појавија навредливи банери околу тренинг-кампот „Тригорија“ и дури на предложената локација на новиот стадион „Тор ди Вале“. Покрај ова, група навивачи му прати отворено писмо.

„Историјата на Рома секогаш ја правеле навивачите, не успехот на теренот, а вие активно работите на менување на симболот на клубот, во соработката со полицијата за нарушување на приватноста на навивачите и одите против своите луѓе. Што да ви порачаме? Не сакаме нов стадион. Не сакаме ваков претседател кој не навредува“, се вели во писмото.

Scroll to Top