Навивачите на Манчестер јунајтед го нарекоа својот поранешен дефанзивец „предавник“, откако тој јавно му порача на Алексис Санчез дека е подобро да се одлучи за градскиот ривал Сити наместо да оди во Јунајтед поради шансите да освојува трофеи.
Двата клуба од Манчестер се јавуваат како фаворити за потписот на чилеанскиот напаѓач на Арсенал, а се верува дека токму Јунајтед ја има најголемата шанса поради понудата од 25 милиони фунти.
„Ќе бидам искрен. Ако има опција да оди од Арсенал во Манчестер сити или Манчестер јунајтед, како фудбалер кој секогаш сакал да освојува трофеи, во моментов Манчестер сити е клубот за него. Тие се на првото место на лигата, ќе ја освојат титулата оваа година, добри се во Лигата на шампионите. Таму има повеќе шанси да освои трофеј“, вели Фердинанд, кој настапуваше за Јунајтед од 2002 до 2014 година.
“Manchester City looks like the place to go for him.”
“That looked like it hurt.” ?
“When we get to the break, I’m going to speak to the lady and ask for some tissues.” ?@rioferdy5 on Alexis Sanchez’s future… ? pic.twitter.com/tWlwZSKwPN
— Football on BT Sport (@btsportfootball) January 13, 2018