Руската федерална агенција за воздушен транспорт може да биде неверојатниот „спасител“ на УФЦ 249, откако тие потврдија дека ќе му дадат дозвола на Хабиб Нурмагомедов да одлета за САД во приватен авион за одбрана на титулата во лесна категорија против Тони Фергусон.
Нурмагомедов се врати во Дагестан откако му се затвори вежбалната во јужна Калифорнија, а од понеделникот сите летови од и во Русија беа забранети од страна на федералната власт. Сепак, сега тие даваат надеж дека мега-дуелот, кој веќе четири пати беше откажуван може да се оддржи.
„За Хабиб да може да отпатува во САД со приватен авион, авионската компанија со која планира да лета треба да добие дозвола за излез од Русија и за пристигнување во САД. Компаниите знаат кои документи се потребни. Проблем може да претставува неговото враќање во Русија, поради новите мерки за ограничување на движење“, објави агенцијата.
Откако се врати во Дагестан, Хабиб призна дека не знае дали ќе се оддржи мечот и им советуваше на УФЦ да планираат без него. Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, пак уште смета дека нема причини за откажување со наводни планови за меч во приватниот центар на УФЦ во Лас Вегас без присуство на публика.