Роџер Федерер посочува дека 36-годишен тенисер не треба да биде сметан за фаворит на Австралија опен, иако искрено, никој не му верува.
Швајцарецот стартува во Мелбурн во вторник против Словенецот Аљаж Бедене, започнувајќи ја одбраната на титулата која лани започна вистинска „ренесанса“ во неговата кариера. Тоа беше прв гренд слем за Федерер по петгодишна пауза, и неколку месеци подоцна тој стигна и до 19. гренд слем со победа на Вимблдон.
„Со годините, сакам да ги намалувам моите шанси бидејќи не мислам дека 36-годишник треба да биде фаворит на гренд слем турнир. Не треба да е така. Затоа гледам на работите поопуштено, бидејќи ова е последниот период во мојата кариера“, вели Федерер.
Federer was asked about that iconic Roger – Rafa charity promo video where both couldn’t stop laughing. #AusOpen pic.twitter.com/jT6JnCrKc1
— Ashish TV (@Ashish__TV) January 11, 2018
Според Федерер, шесткратниот шампион Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка, кои се враќаат по подолг период надвор од тенисот, исто така можат да го користат истиот менталитет за добар турнир.
„Се надевам дека ќе ги поминам неколкуте први кола, додека лани беше навистина случај – да видиме што ќе се случи. Можеби слично како Новак и Стен оваа година. Да видиме што ќе се случи, бидејќи кога си во ждрепката имаш шанси“, додаде Федерер.