Како што се очекуваше, двократниот светски шампион Фернандо Алонсо потпиша нов договор за останување во тимот на Мекларен и во 2018 година, негова четврта едноподруго сезона со тимот од Вокинг.
Шпанецот претходно најавуваш дека ќе треба да види дали славниот тим може да биде конкурентен следната сезона, но по сè изгледа го убеди одлуката на Мекларен да ја прекрати тригодишната соработка со Хонда и за 2018 да склучи договор со Рено.
Алонсо по вторпат дојде во Мекларен во 2015 година, откако претходно помина една бурна сезона со тогашниот дебитант Луис Хамилтон во тимот.
„Фантастично е што можам да ја продолжам соработката со сите во Мекларен. Срцето постојано ми велеше да останам, бидејќи ова е местото во кое навистина се чувствувам како дома. Мекларен уште поважно е тим кој ги има техничките ресурси и финансиската сила бргу да победува и да освојува титули. Последните години не беа лесни, но не заборавивме што е потребно да се победува“, изјави Алонсо.
Шпанецот ќе остане партнер со Штофел Фандорне и во 2018 година.
„Пресреќен сум што можам да потврдам дека Фернандо останува во Мекларен. Тој има огромно значење за нашиот тим, неверојатна личност е, а за талентот воопшто не треба да се зборува“, изјави претседателот на тимот, Зек Браун.