Откако стана мета на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед, асот на Ајакс, Дони ван де Бек вели дека „уште не почнал да учи шпански“, што многумина го протолкуваа како сигнал кон „ѓаволите“ да се обидат да го донесат на „олд Трафорд“.
Ван де Бек за разлика од неговите поранешни соиграчи Матијс де Лихт, Френки де Јонг и Хаким Зијеш, уште не решил да го напушти Амстердам и покрај шпекулациите дека има потпишано пред-договор со Реал Мадрид.
„Морам да се чувствувам добро во еден клуб, и да дознаам колку навистина ме сакаат. Но, исто така морам да се вклопам во системот кој се игра и да знам колку минути ќе добијам. Убаво е да се игра на сонце во Шпанија, но дефинитивно уште немам почнато да учам шпански. Не сум кажал да на никого, сè е отворено. Знам што имам во Ајакс, не знам што ќе имам на други места“, вели Ван де Бек.
22-годишниот Холанѓанец не би видел многу сонце во северна Англија во Манчестер јунајтед, но таму сигурно би добивал повеќе шанси за игра.