Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра втриот натпревар на Европското првенство во Хрватска. Противник на македонските ракометари ќе селекцијата на Црна Гора.
Македонија во првото коло ја совлада Словенија 25:24, додека Црна Гора доживеа дебакл против актуелниот шампион Германија 32:19.
Раул Гонзалес и неговите избраници со победа на овој меч дефинитивно ќе го обезбедат пласманот во втората фаза на шампионатот, каде во Вараждин групата во која е Македонија ќе вкрсти цо Д-групата.
Македонскиот селектор нема да менува ништо за дуелот со Црногорците, ќе настапи со истите играчи кои играа и на претходниот меч со Словенија, додека црногорскиот предводник Драган Ѓукиќ во тимот ќе го има првиот голман Небојша Симиќ.
Натпреварот во „Арена“ во Загреб ќе започне во 20:30 часот.
фото/http://cro2018.ehf-euro.com