Федерика Брињоне, шампионката од Светскиот куп во алпско скијање, мораше да се радува во домашна атмосфера на трите освоени кристални глобуси, откако поради корона вирусот сезоната од СК беше прекината предвреме.
По одложувањето на последните три трки од сезоната, Брињоне беше потврдена за шампионка во генерален пласман во Светскиот куп, како и во велеслалом и во алпска комбинација. Иронично, Светската скијачка федерација (ФИС) и ги прати трофеите преку пошта, и тие завршија кај нејзините родители.
„Мојот брат ми прати фотографија со трофеите и ме праша: ’Овие твои се? Од каде ги нарача?’“, вели Брињоне.