Top Sport

АО: Надал како „фурија“ против Естрелја Бурхос

Сите стравувања дека Рафаел Надал не е доволно подготвен за новата тениска сезона беа демантирани во понеделникот, кога светскиот рекет број 1 го отвори Австралија опен со рутинска 6:1/6:1/6:1 победа над Виктор Естрелја Бурхос.

Шпанецот оди на втора титула од Мелбурн, откако минатата година загуби во финалето од Роџер Федерер и немаше проблеми против 79-рангираниот тенисер од Доминиканската Република во својот прв меч по АТП финалето во Лондон во ноември.

„Среќен сум што се вратив вака силно и секогаш имам огромна поддршка во Австралија. Го сакам спортот и натпреварувањето, но атмосферата тука е нешто посебно. Стартот беше позитивен и тоа е најважно“, вели шампионот од 2009 година, кој сега ќе игра со Аргентинецот Леонардо Маер.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');