Група на фанови на Севилја се појавија на тренингот на својот тим, барајќи објаснување од тимот за слабата форма под новиот тренер Винченцо Монтела.
Четирите порази и едно реми во последните пет кола го запалија „црвеното светло“ кај навивачите, откако Монтела не успеа да донесе победа откако го презеде кормилото од Едуардо Берисо, кулминирајќи со 1:0 поразот од Алавес.
Околу 20-тина членови на „Бирис норте“, познатата ултрас-група на Севилја влегле во жестока дискусија со капитенот Николас Пареха, пред полицијата да пристигне и да воведе ред.
Лош старт на Монтела – два меча, два порази за Севилја (видео)