Драфтот во НБА лигата би требало да се одржи на 25 јуни, меѓутоа пандемијата на коронавирусот ги запре сите спортски натпревари во светот.
НБА франшизата побара драфтот да биде одложен, односно тој да не се случи пред 1 август годинава.
Челниците објаснија дека причина за тоа е што тимовите немаат доволно информации за играчите кои се пријавени на драфтот и дека им е потребно повеќе време за да дојдат до клучни податоци неопходни во процесот на селекција.
Тимовите сакаат да одржат тренинг со играчите, да разговараат со нив, како и да добијат информација за нивната физичка подготвеност, што во моментов е невозможно.
НБА лигата засега нема план кога би можело играчите да се вратат на паркетот, а непознато е и дали сезоната воопшто ќе продолжи.