Top Sport

Азар призна дека во карантин се мачи со избегнувањето на фрижидерот

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар вели дека тешко одолева на предизвикот да ја посети кујната и да земе јадење за време на карантинот во шпанската престолнина.

Белгиецот уште се опоравува од повредата, а при пристигнувањето во Мадрид од Челси минатото лето беше критикуван дека имал „десетина килограми“ повеќе од идеалната тежина.

„Искрено, многу е компликувано, иако се обидувам да не јадам премногу. Се обидувам да не одам во кујната и да го избегнам фрижидерот, но не е лесно. Работам со мојот физиотерапевт онлајн. Почнавме да работиме пред десетина дена, но тој се разболе и мора да остане дома и сега ми пушта видеа за програмата.  Работам на засилување на скочниот зглоб и немам време да ги учам децата фудбал“, вели Азар.

Scroll to Top