Возачот на Дукати, Андреа Довициозо со својата борба за Мото ГП титулата оваа година потсетува на Ники Хајден и шампионската сезона на Американецот во 2006. Ова го вели најголемиот ривал на Довициозо, светскиот шампион Марк Маркез.
Хајден, кој почина оваа година откако беше удрен од автомобил додека возеше велосипед, стана неочекуван шампион пред 11 години, победувајќи го Валентино Роси на последната трка од сезоната во Валенсија.
Возачот на Хонда, Маркез вели дека ситуацијата наликува на неговата борба со Довициозо, кој пред 2017 имаше само две Мото ГП во кариерата, а сега оваа година со пет победи има само 11 поени помалку од Маркез. Со својот одличен стил на возење, но и со поддршката на италијанските фанови, Довициозо стана миленик на публиката.
„Јас ги гледам моите фанови кои ме подржуваат секогаш, но ако Дови ја освои титулата, сите ќе слават. Тој има долга кариера, работеше напорно за оваа шанса и секако ја заслужува. Ме потсетува на Хајден во 2006, кога сите веруваа дека Роси ќе победи“, изјави Маркез.
Мото ГП сезоната продолжува овој викенд со Австралиското ГП на патеката Филип Ајленд.