Некогаш големиот талент на италијанскиот фудбал Марио Балотели зад себе има уште една просечна сезоната. Балотели пред почетокот на сезоната се врати во Бреша, меѓутоа не успеа да му помогне на клубот. Бреша се последни во Серија А со само четири победи и 16 освоени поени.
Италијанските медиуми тврдат дека Балотели по само една сеозна ќе замине од Бреша, а „Газета дело Спорт“ тврди дека негова следна дестинација ќе биде Турција. Наводно Галатасарај покажале голем интерес за 29 годишниот напаѓач.
Од турскиот великан веќе стапиле во контакт со менаџерот на Балотели, Мино Рајола.
Балотели во досегашниот дел од сезоната за Bреша одиграл 19 натпревари на кои постигнал пет гола.