Top Sport

Јунајтед му нудат на Саул речиси двојно поголема плата!

Манчестер јунајтед се обидуваат да го убедат фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез да прифати трансфер на „Олд Трафорд“ со привлечна понуда за речиси двојно поголема плата – дури 200.000 фунти неделно.

„Ѓаволите“ одамна го следат 25-годишниот Нигез, но тој има клаузула за раскин на договорот од 135 милиони фунти, и последната понуда би го направила Шпанецот еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата – од сегашните 115.000 фунти на 200.000 фунти, тврди таблоидот „Сан“.

Јунајтед исто така би дале понуда до „јорганџиите“ до 70 милиони фунти, бидејќи Нигез се вклопува во планот на Оле Гунар Солскјер за градење на силен тим. Саул има четири гола и 37 настапи за Атлетико оваа сезона, а го постигна и единствениот гол на првиот меч од осминафиналето од ЛШ против Ливерпул во Мадрид, по што шпанскиот клуб победи со 3:2 на „Енфилд“ во драматичен меч.

Scroll to Top