Претседателот на Бреша Масимо Челино смета дека сезоната во Серија А не треба да продолжи.
Италија е една од европските држави која е најтешко погодена од пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19. Неколку недели Серија А на состаноци се обидува да најде решение како да продолжи првенството, се најавува дека натпревари би можеле да започнат да се играат кон крајот на мај.
„Преживуваме трагедија. Живеам во Бреша, сведочам на работи што никој не треба да ги види. Страв ми е да излезам во мојот двор. Лут сум поради ова“, рекол Челино.
„Ќе прифатам доколку не исфрлат од Серија А. Со високо кренати глави ќе се преселиме во Серија Б“.
Челино проговорил и за платите на фудбалерите, односно дали треба да им бидат намалени.
„Играчите се платени да играат натпревари. Доколку решиме дека сезоната е завршена тогаш и тие ќе мора д се откажат од нешто. Доколку нема приходи тогаш фудбалерите ќе мора да купат еден автомобил помалку. Мораме да разговараме со нив. Не можеме да им ги намалиме платите, а потоа да бараме од нив да играат на секој три дена“, заклучил првиот човек на Бреша.
Бреша по 26 рунди во Серија А се наоѓа на последното место на табелата со само 16 поени.