Репрезентативецот на Македонија Стефан Спировски повеќе не е член на Хапоел Тел Авив. Спировски со израелскиот клуб спогодбено го раскинал договорот.
Македонскиот репрезентативец во Хапоел се пресели од Ференцварош минатото лето. За екипата од тел Авив имаше добри настапи, одигра 14 натпревари на кои постигна четири гола.
Сепак поради глобалната криза што ја предизвика коронавирусот тој спогодбено го раскинал договорот.
Спировски во кариерата настапувал за Пелистер, Борац од Чачак, Работнички, Берое, Вардар, Ференцварош и Хапоел.