Меѓународната велосипедска унија потврди дека планира трите наголеми трки да се одржат оваа година.
Најголемата трка во светот на велосипедизмот „Тур д’Франс“ нема да стартува на 26 јуни, одреден е нов термин за почеток на трката 29 август.
„Џиро Италија“ традиционално се вози во мај, додека „Вулета“ е на програмата во септември.
Меѓутоа според новиот план Трката околу Франција ќе се вози од 29 август до 20 септември, а според календарот една недела потоа на програмата е Светското првенство во Швајцарија.
Владејачкото тело на светскиот велосипедизам планира „Џиро“ и „Вуелта“ да се одржат во текот на есента, термините ќе бидат дополнително одредени.