Top Sport

Ауба побарал трансфер

Пјер-Емерик Обамејанг побарал од Арсенал да му овозможи да го напушти клубот во летниот преоден рок. Фаворит за потписот на 30 годишниот напаѓач е Реал Мадрид.

Репрезентативецот на Габон има договор со Арсенал до јуни 2021 година, што значи дека претстојниот преоден рок е последна шанса „топџиите“ да заработат пристојна сума од неговиот трансфер.

Англиските медиуми шпекулираат дека Реал би можеле да го обезбедат потписот на Обамејанг за 50 милиони евра.

Инаку не се само на „Сантијаго Бернабеу“ заинтересирани за Габонецот. Конкуренти на Реал ќе му бидат Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Интер.

Обамејанг се пресели во Арсенал од Дортмунд во јануари 2018 година за сума од 60 милиони евра. Досега тој одиграл 97 натпревари на кои постигнал 61 гол.

Scroll to Top