Top Sport

Куртоа е замената за Макс Ферстапен

Викендов на програмата ќе биде третата трка од виртуелниот шампионат во Формула 1. Меѓу учесниците ќе биде и голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа. По трките во Бахреин и Австралија ќе се вози и на виртуелната патека во Кина.

На оваа трка ќе вози Шарл Леклер кој доминантно победи на минатата трка во Австралија. Покрај возачот на Ферари на виртуелната трка ќе учествуваат и неговите колеги Џорџ расел, Александер Албон, Антонио Џовинаци, Ландо Норис, Николас Латифи.

На виртуелните трки не вози Макс Ферстапен , иако тој е редовен учесник во Еспортс натпреварите. Негова замена во ред Бул ќе биде Куртоа.

„Среќен сум што во недела ќе возам трка покрај Александер Албон и што ќе бидам дел од Ред Бул Еспортс семејството. Ми дадоа некои совети, ми помогнаа со вежбите, со нетрпение чекам да дојде недела. Ја сакам играта, неколку пати сум возел против Алекс на оваа патека, а сега ќе имам можност да возам покрај уште некои Ф1 возачи, тоа е сјајно. Се надевам дека ќе освојам поени“, рекол Куртоа.

Ферари потврдија дека покрај Леклер на виртуелната патека во Шангај ќе вози и пилотот од нивната академија, возачот во Формула 2, Калум Илот.

Scroll to Top