Top Sport

Пред 35 години се оддржа „митскиот“ меч Хаглер-Хернс, најдобриот дуел во историјата (видео)

Покрај пресметките во тешка категорија на Мухамед Али и на Мајк Тајсон, еден меч кој е запишан во историјата како легендарен, е дуелот помеѓу „Марвелус“ Марвин Хаглер и Томас „Мотор сити“ Хернс, оддржан пред 35 години во „Цезарс палас“ во Лас Вегас.

Најавуван како „БОРБАТА“, дуелот беше за титулата во средна категорија помеѓу апсолутниот шампион Хаглер и предизвикувачот Хернс, кој беше шампион во јуниор-средна категорија. Хаглер го доби мечот во третата рунда, но мечот остана запишан како најдобриот во историјата поради постојаната акција, драмата, и да не се лажеме, бруталноста.

Посебно внимание предизвикува првата рунда од мечот, според многу боксерски експерти, најдобрата рунда која е видена во историјата на боксот. Уживајте.

Scroll to Top