Top Sport

Белорусија живее! „Мортал комбат“ ММА мечеви во време на корона (видео)

Руската ММА промотерска куќа „М-1 Глобал“ се спротистави на пандемијата со корона вирусот со ММА настап во Минск, Белорусија во средата, каде што сите освен фајтерите изгледаа како да се излезени од видео-играта „Мортал комбат“.

Настанот без публика, наречен „Херои на црниот квадрат“ беше оддржуван во Белорусија, една од ретките земји на планетата каде што не постојат големи ограничувања поради болеста, иако организаторите ветија дека се запазени сите „најстроги мерки“ за здравјето на учесниците – сите освен двајцата фајтери во кафезот имаа црни маски на лицето, дури и најавувачите на мечевите и девојките во рингот.

Во главниот меч, белорускиот фајтер во средна категорија, Денис Махер победи во првата рунда против Валијон Сердаров по само две минути по импресивно „давење“.

Во вториот најважен дуел, Владислав Новицки го совлада Максим Ржеуски исто така во првата рунда.

Scroll to Top