Top Sport

Инсиње ќе стане првиот клиент на „агентот“ Тоти

Франческо Тоти по пензионирањето од фудбалот и откажувањето од директорските позиции во Рома, најави влегување во менаџерските води, и негов прв клиент најверојатно ќе стане капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

Напаѓачот оваа недела ги раскина врските со супер-агентот Мино Рајола, откако наводно се откажа од желбата да замине од „Сан Паоло“ каде што има одлична соработка со Џенаро Гатузо.

Според „Кориере дело спорт“, Тоти е најсериозниот кандидат за негов нов агент, откако неодамна во интернет-разговор со Фабио Канаваро на шега кажа дека со Инсиње „сè е договорено“.

Scroll to Top