Top Sport

Артета ги убедил фудбалерите на Арсенал да одобрат кратење на платите?

Во Арсенал веруваат дека се блиску до договор со своите фудбалери околу намалување на платите оваа сезона поради пандемијата од корона вирусот, откако со фудбалерите разговараше тренерот на тимот, Микаел Артета, кој пак, претходно го прележа вирусот.

Во понеделникот, фудбалерите го одбиле предлогот со кој ќе добиеја намалување од 12.5 отсто од платата во 12 месеци со ветување дека тие пари ќе им бидат исплатени ако клубот се пласира во Лигата на шампионите. Со оваа мерка, Арсенал ќе заштедеше 25 милиони фунти од годишниот буџет за плати од 230 милиони фунти, но најголема пречка беше тоа што Арсенал во моментов се на деветтото место на табелата со малку шанси за топ 4 пласман.

Сега според „Атлетик“, Артета преку видео-конференција со своите фудбалери во средата навечер успеал да направи исчекор во преговорите, објаснувајќи им ја положбата во која се наоѓаат „топчиите“ поради кризата.

Претходно, Арсенал објави дека нивните 14 извршни директори, вклучувајќи го директорот за фудбал Раул Санлехи, менаџерот на академијата Пер Мертезакер и генералниот менаџер Винал Венткатешам се откажале од повеќе од една третина од својата плата.

Scroll to Top