13-кратниот шампион Стефан Петерхансел ја освои 10. етапа на Дакар релито, со што го помина Насер Ал-Атијах на второто место во генерален пласман и сега е само зад својот клупски колега од Пежо, Карлос Саинс.
Третата етапна победа оваа година (и седма за Пежо), Петерхансел ја доби во етапата од Салта до Белен, кога трката се пресели во Аргентина, и сега има уште само четири дена да го надополни дефицитот од 51 минута до Саинс за 14-ти триумф.
Петерхансел на крајот беше за 2:36 пред Ал-Атијах по етапата, и надополни 13 минути од времето на Саинс, кој претходно доби казна од 10 поени за контроверзниот судир со квад возачот Кес Колен. Катарецот Ал-Атијах има 1:13 зад Саинс, како најдобар возач на Тојота.
Во пласман на мотоцикли, Австриецот Матијас Валкнер (КТМ) стана неверојатен фаворит за титулата по победата на 10-тата етапа во која Адриен ван Беверен излета, а четири други ривали за првото место во генерален пласман се загубија.
Денот стартуваше со шест возачи во помалку од 10 минути од водството во генерален пласман, а сега Валкнер има фантастични 39:42 на четири дена пред крајот на возачот. Валкнер имаше тивок ден на мотоциклот и беше речиси 7 минути зад лидерот Кевин Бенавидес по половина етапа, но во вториот дел, речиси сите лидери имаа проблеми со навигацијата – Бенавидес, Тоби Прајс, Жоан Бареда и Антоан Мео.
Ван Беверен потоа беше во шанса да стане нов лидер, пред на само три километри пред финишот да падне и да ја скрши клучната коска, и да добие други повреди на ’рбетот.