Top Sport

Најдобриот „bad boys“ тим на сите времиња

Специјализираниот портал за фудбалски трансфери „Трансфермарк“ состави идеален тим од фудбалери со најмногу црвени картони. Еден ваков тим може да се пофали со 168 црвени картони.

На голот на еден ваков тим би бил Германецот Јенс Леман кој во кариерата седум пати бил исклучен.

Имињата на двајцата играчи од централниот дел на одбраната нема никого да изненадат, тоа се Серхио Рамос и Пепе. Рамос досега во кариерата доби 26 црвени картони, а Пеп „само“ 12. Серхио Рамос е фудбалерот со најмногу добиени црвени картони во историјата на ла Лига и Лигата на шампионите.

Дефанзивната линија ја комплетираат Марко Матераци и Патрис Евра.

Во редот за врска се Зинедин Зидан, Едгар Давидс, Даниеле Де Роси и Франческо Тоти. Зидан во кариерата добил 14 црвени картони, последниот на прошталниот меч во финалето на Светското првенство во 2006 година.

Легендите на Рома Тоти и Де Роси заедно собрале 31 картон со црвена боја.

Давидс во кариерата бил исклучен 25 пати. Интересно три пати бил исклучен во Барнет каде ја имал улогата на играч и тренер.

Во нападот се Златан Ибрахимовиќ и Марио Балотели. Двајцата досега добиле по 13 црвени картони.

Scroll to Top