Јана Фет, 21-годишната хрватска тенисерка, не успеа да ја приреди најголемата сензација во досегашниот тек од Гренд слемот во Мелбурн, иако само еден поен ја делеше од победата над втората на ВТА листата Каролина Вознијацки.
Фет, 119.на ВТА листата, беше на поен од најголемата победа во кариерата, но не го издржа пристисокот и наместо неа Вознијацки се пласира во третото коло.
Хрватката го доби првиот сет со 6:3, потоа Вознијацки возврати со 6:2 и израмни на 1:1 во сетови.
Решавачкиот сет Фет го започна фуриозно, откако не искористи четири брејк топку во вториот гем, лесно стигна до водство од 5:1. Таа имаше сервис и две врзани меч топки, но е неги искористи.
Потоа Вознијацки го демонстрираше своето искуство, уште два пати и го одзеде сервисот на противничката, а кога израмни на 5:5 јасно беше која тенисерка ќе и се радува на победата.
Решавачкиот сет Вознијацки го доби со 7:5.