Скандал ја тресе норвешката ракометна репрезентација, откако е откриено дека експлицитни фотографии на најдобрата ракометарка на Норвешка, Нора Мерк, кружат меѓу играчите на машката репрезентација.
Мобилниот телефон на Нора Мерк бил хакиран, додека таа била со репрезентацијата и од него биле преземени „голи“ фотографии на ракометарката кои набргу почнале да кружат меѓу репрезентативците на Норвешка кои во мометов се во Хрватска на Европското првенство.
Нора Мерк подготвува тужба и најавува заминување од националниот тим.
„Бев скршена. Тоа е мое окружување и мислев дека се тоа луѓе кои се гриѓат за мене. Разочарана сум. Сојузот е известен ддека размислиувам за својата иднина во репрезентацијата и дека не сакам да биде дел од колективот кој не ме штити мене, а ги штити колегите кои починиле сексулано вознемирување“, рекла 26-годишната ракометарка.
Селекторот на машката репрезентација Кристијан Берге и капитенот Бјарте Морхол не сакале да одговараат на прашањата поврзани со овој скандал.
Норвешкиот сојуз признал дека има информации, дека некои ракометари имаат фотографии на Мерк во своите мобилни телефони. Исто така Сојузот одбил финансиски да ја поддржи ракометарката во правната борба.