Реал Мадрид се повлече од „трката“ за потписот на Хери Кејн, уништувајќи ги плановите на Даниел Леви за „наддавање“ на својот напаѓач, и оставајќи отворена шанса Манчестер јунајтед да потпише со голгетерот.
Откако самиот Кејн најави дека можеби е време да си замине од Лондон во тим со кој би имал повеќе шанси за титула, англиските медиуми тврдеа дека Леви се согласил да го продаде за фантастични 200 милиони фунти, но за разлика од случаите со Лука Модриќ и Герет Бејл, овојпат Реал не е заинтересиран, тврди „Дејли мејл“, најмногу поради стравувањата од финансискиот удар кој ќе го добие клубот поради корона вирусот.
Реал, според шпанските извори, не е подготвен да даде толку пари за фудбалер кој оваа година ќе наполни 27 години, и наместо тоа ќе се обидат да ги убедат Пари Сен-Жермен да го добијат Килијан Мбапе.