Top Sport

Сити потпиша со перуанскиот талент Клајверт Агилар

Манчестер сити склучиле договор со Алијанца Лима за трансфер на 16-годишниот десен бек Клајверт Агилар, потврди перуанскиот клуб.

Агилар, кој дебитираше за профеисоналниот клуб пред само пет месеци, но се смета за еден од најталентираните фудбалери во оваа земја вреди 1.5 милиони фунти, а ќе остане во клубот до 5 мај следната година, кога ќе наполни 18 години.

„Трансферот во Сити е нешто најголемо во мојата кариера и пресреќен сум што добивам ваква шанса да играм во Европа“, вели Агилар, кој веќе е постојан член на У-17 репрезентацијата на Перу.

Агилар не е првиот фудбалер на овој клуб кој се преселил во Европа – Џеферсон Фарфан играше за ПСВ Ајндховен, како и Клаудио Пизаро кој пристигна во Вердер во 1999 година.

Scroll to Top