Канадскиот фудбалер Алфонсо Дејвис потпиша нов договор со Баерн Минхен. Дејвис се обврзал да остане во Минехен до 30 јуни 2025 година.
Дејвис (19) ги импресионира клупските челници со настапите што ги имаше оваа сезона, поради што е награден со нов договор. Канаѓанецот му го зеде местото во тимот најскапото засилување во историјата на Баерн, Лукас Ернандез кој сезонава има проблеми со повредите.
„Среќен сум Баерн е еден од најдобрите светски клубови. Си го остварив сонот што настапувам за ваков тим. Убаво ми е од првиот ден тука. Сакам со овој клуб да освојам што е можно повеќе титули“, рекол младиот фудбалер.
Дејвис во Баерн пристигна во јануари 2019 година од Ванкувер за сума од 19,5 милиони евра. Сезонава има одиграно 21 натпревар и постигнал еден гол.