Репрезентацијата на Словенија се пласираше во втората рунда на Евро 2018 во Хрватска, откако лесно се „справија“ со Црногорците во последното коло од првата рунда со 28:19, во кое Данска и го нанесе првиот пораз на Шпанија со 25:22.
По заканите за заминување од шампионатот, и двете одбиени жалби, Словенците, сепак, решија да се појават на теренот во „Арената“ во Загреб, за да доминираат во дуелот со Црна Гора и како третопласирани во нашата група да заминат во втората рунда (со пренесен еден поен).
What a great save from Slovenia’s goalkeeper Lesjak in a one on one play against Montenegro in Zagreb.#MNESLO ?? vs ?? @rzs_si #ehfeuro2018 #hypnoticgame pic.twitter.com/ikok9HeS8G
— EHF EURO (@EHFEURO) January 17, 2018
Данците пак, се „созедоа“ по лошиот пораз од Чешка во претходното коло, да ја надиграат Шпанија и да им го нанесат првиот пораз на шампионатот (непоразени останаа само Македонија, Франција и Германија).
The Spanish right back exploits a perfectly timed pass from Iosu Goni in the Group D match of the preliminary round. @RFEBalonmano #ESPDEN ?? pic.twitter.com/urxgsJlFsf
— EHF EURO (@EHFEURO) January 17, 2018
Со ова се познати сите патници во втората рунда на шампионатот, кој започнува веќе утре со мечевите Србија-Норвешка (18.15) и Хрватска-Белорусија (20.30).
Македонија стартува во недела со меч со Шпанија, по што на 23 играме со Чешка, за на 24 да се „пресметаме“ со старите должници, Данците.
ВТОРА ФАЗА
ГРУПА 1
1.Шведска 4, 2.Франција 4, 3.Хрватска 2, 4.Норвешка 2, 5.Белорусија 0, 6.Србија 0
ГРУПА 2
1.Македонија 3, 2.Шпанија 2, 3.Данска 2, 4.Германија 2, 5.Словенија 0, 6.Чешка 0